Официјалниот партнер на Олимписките игри во Токио повика да се откажат игрите поради коронавирус

Од:

Јапонскиот весник „Асахи“, кој е официјален партнер на Олимписките игри во Токио, повика на откажување на натпреварите поради ширењето на коронавирусот.

– Ширењето на коронавирусот сè уште не е запрено. Во Токио и другите региони на земјата, вонредната состојба ќе мора да се продолжи. Не сметаме дека е разумно да се одржат Олимписките игри и Параолимписките игри ова лето со оглед на овие околности. Го повикуваме јапонскиот премиер Јошихиде Сугу смирено и објективно да ја процени ситуацијата и да ги откаже Игрите, пишува во уредничката во колумна на веб-страницата на весникот.

Олимписките игри во Токио требаше да се одржат летото 2020 година, но игрите беа одложени за една година поради пандемијата на коронавирус. Игрите треба да се одржат од 23 јули до 8 август 2021 година.

Олимпијадата ќе се одржат без странски навивачи. Одлуката за прием на трибините на јапонските гледачи треба да биде донесена во јуни, во зависност од ситуацијата со пандемијата во земјата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он