Врачување на годинешните признанија „Златен објектив”

Од:

Во дворот на кинотечното летно кино „Мирно лето“, денеска на режисерот Коле Манев и на монтажерот Спасе Тасевски ќе им бидат врачени годинешните награди „Златен објектив“, признанија кои Кинотеката на Република Северна Македонија ги доделува секоја година по повод својот роденден.

Манев и Тасевски ќе добијат пригодни плакети и значки стилизирани во духот на кинотечните вредности.

По повод својот роденден, односно датумот на донесување на Законот за основање на Кинотеката на Македонија – 29 април 1974 година – оваа институција го доделува признанието „Златен објектив“ на филмски работници кои преку својот професионален ангажман придонеле за создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија.

„Златниот објектив“ се доделува од 2006 година, а досегашни добитници на ова признание се режисерите Бранко Гапо, Трајче Попов, Кирил Ценевски, Мето Петровски, актерот и режисер Коле Ангеловски, тонскиот снимател Глигор Паковски, аниматорот и карикатурист Дарко Марковиќ, директорите на фотографија Драган Салковски, Љубе Петковски и Благоја Дрнков, филмскиот работник Коста Крпач, продуцентот Панта Мижимаков, филмскиот критичар Илинденка Петрушева, монтажерот Димитар Грбевски и костимографите Елена Дончева и Зорка Тодорова-Младеновиќ, соопштија од Кинотеката.

Би можело да ве интересира

Кинотеката ќе прикаже три филма со Марлон Брандо по повод еден век од неговото раѓање

На Столе Попов ќе му биде доделен „Златен објектив“ за 2024

Катерина Ѓуровски

Кинотека во рамки на проектот Сезона на филмски класици ќе го реставрира Мис Стон

Предраг Петровиќ

„Мојот последен здив“ – промоција на автобиографијата на Луис Буњуел во Кинотека

Ана Ололовска

„Кино за млади“ во Кинотеката

Недела на италијанската кенематографија во Кинотека

Ана Ололовска