ФОТО: Јагуар го претстави прототипот Ц-Х75

Од:

Британскиот производител на автомобили „Јагуар“ го претстави прототипот Ц-Х75, кој треба да претставува најава за изгледот на идната генерација спортски модели со високи перформанси од компанијата.

Прототипот Ц-Х75 во хибридна комбинација располага со 1,6 литарски четирицилиндарски бензински мотор со два турбо полначи што развива 500 коњски сили, а дополнителни 390 коњски сили обезбедуваат двата електро мотори. Заедно погонските единици обезбедуваат околу 850 коњски сили.

jaguarch-751

Со поволен однос на тежина и сила Ц-Х75 од 0 до 100 километри на час развива за помалку од 3, а од 0 до 160 километри на час за помалку од 6 секунди. Максималната брзина надминува 350 километри на час.

jaguarch-7512

Ц-Х75 само на електричен погон има автономија на движење од 64 километри. Реализирањето на амбициозниот проект засега е стопирано поради глобалната економска ситуација.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска