Јужноамериканските држави бараат праведна распределба на вакцините против Ковид-19

Од:

Шест лидери на Јужна Америка и Карибите побараа од меѓународната заедница еднаква достапност на вакцини против Ковид-19, повикувајќи ги земјите што имаат најмногу дози да споделат со другите.

„Упатуваме силен повик до земјите кои имаат вишок дози и оние кои вакцинирале ризични групи да преземат чекори за распределување на тој вишок праведно и што е можно поскоро“, се вели во заедничкото соопштение издадено од претседателот на Костарика Карлос Алварадо.

Покрај тоа, повикот го потпишаа и аргентинскиот претседател Алберто Фернандез, мексиканскиот Андрес Мануел Лопез Обрадор, премиерот на Јамајка Ендру Мајкл Холнес, боливискиот претседател Луис Алберто Арсе Катакора, еквадорскиот Гуљермо Ласо Мендоза и уругвајскиот, Луис Алберто Лакале Поу.

Од потрошените 1,3 милијарди дози ширум светот, повеќе од половина биле потрошени во пет земји кои учествуваат со 50 проценти од светскиот БДП, покажуваат официјалните податоци.

„Никој нема да биде безбеден се додека не бидеме сите безбедни. Ќе биде можно да се запре пандемијата само кога вакцината ќе допре до ранливите популации ширум светот”, нагласуваат и додадваат дека – „земјите со ниски примања примиле само 0,3 проценти од светските дози “.

Појавата на „нови, поопасни верзии на вирусот предизвикани од Ковид-19 покажува дека изолираната вакцинација, во некои земји, не е ефикасна стратегија за излез од акутната фаза на пандемија“, додаваат тие.

Би можело да ве интересира

Од почетокот на годината, смртноста од Ковид-19 е намалена за 95 отсто

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски

Папа Франциск: За време на пандемијата и војната во Украина, ОН ги покажаа своите ограничувања

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Русија разви вакцина против новите варијанти на коронавирусот

Катерина Ѓуровски

Еден од осум луѓе кои страдаат од коронавирус развива најмалку еден симптом на долгорочен ковид

Катерина Ѓуровски