ВИДЕО: Враќање на винил – канцелариски грамофон од „Контор Рекордс“

Од:

Германската компанија „Контор Рекордс“ разработи апликација „Back to Vinyl“ што овозможува преслушување на винил плочи со помош на смартфон.

Апликацијата функционира така што смартфонот се позционира над плочата, а потоа преку виртуелна игла на екранот на телефонот корисникот избира кој дел од плочата сака да го преслуша.

Канцеларискиот грамофон од „Контор Рекордс“ е речиси се во едно, винил плоча и грамофон. Самиот коверт служи како плоча, што се активира прекусмартфонот обезбедувајќи аналогна забава со дигитален уред.

Компанијата истакнува дека апликацијата најпрво го скенира кодот на плочата и потоа ја презема музиката во дигитална форма од Интернет.

Сепак, според првичните оценки, станува збор за пронајдок што ги размрдува подеднакво здодевноста и „малото дете“ во секој од нас и прави да се чувствуваат одлично.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска