Намалување на рестрикциите во Европа и во САД

Од:

Бројките на новозаболени и на смртни случаи во САД и во Европа продолжуваат да паѓаат, бидејќи кампањите за вакцинација даваат резултати, па се укинуваат повеќе здравствени ограничувања.

Како показател за тоа што може да им претстои на земјите со напредни кампањи за вакцинација, Министерството за здравство на Израел соопшти дека сите ограничувања ќе бидат укинати од 1 јуни, доколку бидат одобрени од владата. Израел почна брза кампања за вакцинација во декември, што доведе до драматичен пад на инфекции, хоспитализации и смртни случаи од вирусот. Тоа им овозможи на властите повторно да отворат барови, ресторани и други места, но само за луѓето кои биле вакцинирани или се опоравиле од Ковид-19.

Повеќе вакцинирани за помалку рестрикции
Во Европа, неколку земји најавија натамошно олеснување на ограничувањата или планираат да го сторат тоа во јуни.

Британскиот секретар за здравство Мет Хенкок изјави дека е „сè посигурен“ оти земјата може да ја спроведе последната фаза од отклучување на земјата од 21 јуни, доколку јавноста остане претпазлива.

Премиерот на Чешката Република Андреј Бабиш ги истакна плановите за олабавување на правилата за коронавирус од 14 јуни, вклучително и дозволување на концерти и служење храна во затворени простории.

Унгарија исто така ќе ги олесни ограничувањата откако бројот на вакцинирани ја минаа границата од 5 милиони за време на викендот, од вкупно 9,8 милиони жители.

Би можело да ве интересира

Од почетокот на годината, смртноста од Ковид-19 е намалена за 95 отсто

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски

Папа Франциск: За време на пандемијата и војната во Украина, ОН ги покажаа своите ограничувања

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Еден од осум луѓе кои страдаат од коронавирус развива најмалку еден симптом на долгорочен ковид

Катерина Ѓуровски

Коронавирусот е направен во лабораторија тврди руското Министерство за одбрана