ВИДЕО: Најмалку 15 мртви и 170 исчезнати деца по ерупцијата на вулканот во Конго

Од:

Најмалку 15 луѓе загинаа, а повеќе од 170 деца се водат како исчезнати по ерупцијата на вулканот Њирагонго, соопштија спасувачките екипи на Демократска Република Конго.

По ерупцијата на вулканот во саботата вечерта, лавата се спушти до градот Гома и уништи најмалку 500 домови во селата што се наоѓаат во близина на Њирагонго.

Претставници на УНИЦЕФ соопштија дека се организирани транзитни центири за да им се помогне на децата кои се без придружба на возрасни лица.

Вулканот Њирагонго се наоѓа во националниот парк Вирунга, на помалку од 20 километри северно од Гома и недалеку од границата со Руанда. Лавата пристигна до Гома, која брои два милиона жители.

По ерупцијата жителите на Гома го напуштија градот и побегнаа во Руанда, а во текот на вчерашниот ден почнаа да се враќаат во своите домови.

Вулканот Њирагонго последен пат еруптираше во 2002 година, кога лавата уништи големи делови на Гома, при што загинаа околу 250 лица, а 120.000 лица останаа без покрив над главата.

Би можело да ве интересира

Лавата по ерупцијата на вулкан на Исланд стигна до источната одбрана на Гриндавик

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нова вулканска ерупција на Исланд

Катерина Ѓуровски

Еруптираше вулкан во Јапонија: Граѓаните добија итно предупредување

Горан Наумовски

ВИДЕО: Еруптираше Етна, пепел и лава на Сицилија

Вулканската ерупција може да го уништи градот Гриндавик во близина на Рејкјавик

Сицилија: Затворен аеродромот во Катанија поради ерупција на Етна

Горан Наумовски