Едно од повредените деца во несреќата што се случи денеска во северна Италија кога кабина се откачи од жичница почина во болница во Торино.
Досега бројот на жртви изнесува 14 лица, вклучувајќи го и детето од деветгодишна возраст. Уште едно дете на возраст од пет години се бори за живот.
Кабината на жичницата што го поврзува езерото Маџоре со блиската планина паднала од релативно висока точка воголема шума и е целосно смачкана.
Причината за инцидентот останува нејасна, но локалните извештаи сугерираат дека кабелот што ја движел кабината најверојатно откажал на околу 300 метри од врвот на планината.
Спасувачките екипи при обидот за интервенција се соочиле со тежок и стрмен предел, но успеале да ги извлечат двете деца, од кои подоцна едното почина.