ВИДЕО: Двоен освојувач на олимписки медал уапсен за убиство

Од:

Индискиот борач Сушил Кумар, двоен освојувач на олимписки медал денеска е уапсен под сомнение за убиство, соопшти полицијата во Њу Делхи.

– Имаме изјави од жртвите кои го посочија Кумар како еден од напаѓачите“ – изјави претставник на полицијата вклучен во истрагата.

Кумар бил вмешан во тепачка на 4. мај пред стадионот Чатрасал во Њу Делхи, по што три лица биле примени во болница, а едно од нив, поранешен јуниорски државен шампион во борење им подлегнал на повредите.

Адвокатите на Кумар ги отфрлија обвинувањата и ја обвинија полицијата за пристрасност.

Кумар е еден од најпознатите спортисти во Индија, тој освои сребрен медал на Олимписките игри во 2012 година и бронза на ОИ во 2008 година.

Би можело да ве интересира

Најмалку 100 лица загинаа во невреме во Индија

Горан Наумовски

Го убиле и го запалиле телото за да му украдат 6000 денари, притвор за браќата од Луке

Катерина Ѓуровски

Ѓорчевски: Во моментот кога го одземале животот на Вања, го одзедоа и мојот живот

Предраг Петровиќ

Уапсени за убиството во селото Луке, двајца го ликвидирале и запалиле соседот

(ВИДЕО) Сестрата на Теодора: Само две години за тој што ја уби, колку вреди животот во Македонија

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни