Најмалку 37 работници загинаа при уривање на рудник за злато во Централноафриканската република, предизвикано од поројните дождови.
Според властите бројот на жртви може да се зголеми, бидејќи има голем број повредени. Несреќата се случила во рудникот за злато во Ндасима на околу 440 километри источно од главниот град Банги.