Правилата за влез во Грција продолжени до 31 мај

Од:

Правилата за влез во Грција, воведени минатата седмица, ќе важат до 31 мај 2021 година. Согласно новата министерска одлука што утрово стапи во сила, регулативата останува непроменета, а за патување кај јужниот сосед задолжителен е сертификат за вакцинација или негативен ПЦР тест или алтернативно, потврда за прележан Ковид-19, како и пополнет PLF формулар.

Кон Македонија отворен е само граничниот премин Евзони (Богородица) со работно време од 7 до 23 часот по локално, односно 6 до 22 часот по македонско време.

Македонија, заедно со уште 20 држави е во исклучоците од забраната за влез во Грција за државјани на трети земји.

Во посебен член од министерската одлука, детално се опишани предусловите и неопходните документи за влез во Грција.

Сите посетители, „независно од државјанството и начинот на влез во земјата“ имаат две опции и една алтернативна можност, во однос на документите што треба да ги приложат, а се поврзани со Ковид-19.

Првата опција е целосно да ја имаат завршено вакцинацијата 14 дена пред патувањето и да достават сертификат за вакцинација на англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, издаден од јавна установа и да ги содржи податоците: име и презиме, како што се заведени во пасошот, вид на вакцина и бројот на дози, заедно со датуми кога се примени.

Втората опција е со негативен ПЦР тест, направен во последните 72 часа пред патувањето, одобрена од државата на потекло, приватна или државна лабораторија и да биде на англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, а исто како и за сертификатот, треба да ги содржи и името и презимето на лицето кое патува, онака како што се заведени во пасошот.

Покрај двете опции, алтернативно, како што пишува во министерската одлука, посетителите на Грција, може да достават потврда за прележана болест или позитивен резултат од ПЦР или антиген (брз) тест што е валиден од два до девет месеци од датумот на заболување наведен во документот издаден од јавна установа или од лаборатории одобрени од државата на потекло, да ги содржи податоците од пасошот и повторно, може да биде на неколку јазици, односно на англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик.

Конкретниот став од членот за условите за патување важи за сите лица со наполнети пет години.

Паралелно, за сите оние кои патуваат во Грција, задолжителен е и електронскиот формулар PLF (Passenger Locator Form), преку интернет страницата https://travel.gov. gr, што треба да биде пополнет пред патувањето, по што се добива потврда со QR-код и се смета за неопходен документ за влез во Грција.

Сите посетители на Грција, независно од земјата на потекло, може да бидат подложени на тестирања по случаен избор согласно здравствениот алгоритам .

Доколку бидат тестираат, ќе треба да ги почекаат резултатите, а во случај на позитивен тест, ќе бидат во 14-дневен карантин.

За прекршување на законските мерки и обврски, предвидени се парични казни од 500 и 5.000 евра.

Согласнио министерската одлука, продолжена е забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, а исклучок има освен за Македонија и за Австралија, Обединетите арапски емирати, САД, Велика Британија, Израел, Канада, Белорусија, Бахреин, Нов Зеланд, Јужна Кореа, Катар, Кина, Кувајт, Украина, Руанда, Русија, Саудиска Арабија, Србија, Сингапур и Тајланд.

Во министерската одлука, посочено е дека туристите, за време на нивниот престој во Грција мора да ги почитуваат мерките и рестрикциите што важат во земјата.

Новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“, потпишана од надлежните министри, како што пренесе МИА, веќе е објавена во Службен весник на Грција, стапи во сила во 6 часот утрово, а важи до 31 мај 2021 година.

Претходната одлука, со која по 14 месеци границата со Грција се отвори за македонските граѓани, беше објавена минатиот петок.

Би можело да ве интересира

Пожар предизвика застој на патот од Солун до Евзони, возилата се пренасочуваа кон Дојран

Сеничиќ: Системот на граничниот премин „Евзони“ работи, има гужви поради големиот прилив на туристи

Горан Наумовски

„Падна“ системот на Евзони: Долги колони на пеколни температури

Горан Наумовски

ВИДЕО: Поради пожарот на Богородица/Евзони, возилата се пренасочуваат на Дојран

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар на грчка страна, затворен преминот „Евзони“

Катерина Ѓуровски

Блокада на премините кон Грција поради штрајк на грчките цариници

Катерина Ѓуровски