Американската компанија „Епл“ подготвува два нови апарати за следната година, дознаваат западните медиуми.
Доколкусе точни гласините, американскиот гигант ќе претстави два нови „ајФон“ апарати, еден со дијагонала од 4,7 инчи, а другиот од 5,7 инчи.
Ова значи дека „Епл“ ќе се обиде да влезе на единствениот пазар на мобилни телефони и таблети на кој се уште не е присутен, а тоа е една од новите категории – „фаблет“, телефони со големина на дијагоналата меѓу пет и шест инчи.
Еден од шефовите на „Епл“, Тим Цук неодамна ја спомена можноста за нови „ајФон“ телефони со поголеми дијагонали, но додаде дека „Епл“ мора да има предвид и тоа дека поголемите апарати влијаат и на поголема потрошувачка на батеријата.
Некои аналитичари сметаат дека не е реално да се очекува идниот „ајФон“ да има поголема дијагонала, но за подалечна иднина тоа е многу реална опција.