Макрон: НАТО да се посвети на вредностите на воената организација

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека лидерите на НАТО мора јасно и недвосмислено да се посветат на вредностите и правилата на воената организација на самитот следниот месец.

Зборувајќи пред новинарите во Париз заедно со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, Макрон рече дека лидерите, вклучително и американскиот претседател Џо Бајден, мора отворено да разговараат за „кохезијата“ во рамките на НАТО на самитот на Алијансата во Брисел на 14 јуни.

– Солидарноста меѓу сојузниците не е само збор што може да значи што било во секое време. Тоа вклучува должности и одговорности едни кон други, нагласи францускиот претседател.

Макрон додаде дека е важно државите да не се фокусираат на „националните интереси што се косат со безбедноста на другите сојузници, како што беше случај во последните години во Сирија, источен Медитеран, Либија и Кавказ“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Лавров: Русија е подготвена за војна со НАТО на Арктикот