ВИДЕО: Кислород во Центар

Од:

Во среда (26 јуни) со почеток во 18 часот, пред хотелот Бристол ќе се одржи мирен протест насловен „Кислород“, со кој граѓанската иницијатива „Авангарда“ ќе побара да се запре со сечење и на последните дрвца во Скопје.

„Последен пат го видовме во паркот, под липите… Нашиот пријател што сите го познаваме, мисли дека е сам и го губи она што последно му остана. Зашто кога го тепаа ние не го одбранивме, го замолкнуваа а ние молчевме, кога му се потсмеваа мислеше дека и нам ни е смешно. Му забранија да раскажува за да ја заборавиме и ние нашата приказна. Мисли дека е заборавен, а нам ни недостасува. Тој, кој не потсетуваше нам и целиот свет што значи солидарноста“, напиша организаторот на настанот.

kis-centar1

На едно место ќе се соберат граѓаните кои сакаат кислород за Скопје и активисти. Говорници ќе бидат Џелал Хоџиќ и Никола Наумовски. Свој настап ќе имаат и „Puk’kah“, „Da Dzaka Nakot“ и „Strajk“.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Шукова: Еколошка катастрофа и труење на реките, храната под ризик

Предраг Петровиќ