Петицијата испратена до американскиот претседател Барак Обама со која се бара помилување на Едвард Сноуден досега собра над 100.000 потписи.
Во петицијата, објавена на сајтот на Белата куќа, поранешниот соработник на Агенцијата за национална безбедност (НСА) е наречен „национален херој“. Во неа се наведува дека тој треба веднаш да биде помилуван за сите обвиненија поради објавување на тајни владини програми за собирање на телефонски и интернет податоци.
Политиката на Белата куќа е да одговори на секоја петиција, која ќе собере над 100.000 потписи, во рок од 30 дена.
Белата куќа се уште нема соопштено кога ќе даде одговор од своја страна. Администрацијата на Обама веќе започна судска истрага против Сноуден под обвинение за шпионажа.