ВИДЕО: Тежок ден за Грција, изгореа 2.000 хектари шума кај Коринт

Од:

Ќе биде тешка вечер, од сите што се во поширокиот регион бараме претпазливост. Водиме битка во тешки услови, рече заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас на вонредната прес конференција за пожарот во околината на Коринт и соопшти дека е активиран целиот механизам за зашитита на луѓето, а процените се дека изгореле околу 2.000 хектари шума.

Хардаљас објасни дека пожарот започнал од горење на остатоци од маслиново дрво, но и дека на терен се 265 пожарникари со десет пешадиски тимови од војската, а од шест часот утрово се интервенира и од воздух со авиони и хеликоптери. Дополнително, помагаат цистерни од општината и волонтери.

Од Секретаријатот за цивилна заштита, со две пораки испратени во 14 и 15 часот, преку специјалниот број за итни случаи 112, побараа од жителите на повеќе делови во близина на Коринт да ги напуштат домовите, а досега, превентивно, евакуирани се 12 населби и два манастири.

Пет од селата беа евакуирани синоќа, а останатите седум во текот на денешниот ден.

Поради ветерот, пожарот се шири брзо, а неофицијално, според медиумите, дел од куќите претрпеле материјална штета.

Пожарот е на околу 80 километри од Атина, а чадот, стигна и до грчката престолнина, но и до Кикладските острови.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната