Макпетрол Инфо Поинт: Што значат симболите, што ни кажува возилото?

Од:

На таблите на возилата се наоѓаат голем број информации – од брзината на движење на возилото, температурата на моторот, состојбата на сопирачките, светлата за позиционирање. На сите ни се случило додека патуваме неочекувано да слушнеме „бип“ сигнал од возилото, а кога ќе погледнеме се појавил некој ситен симбол, што првпат го гледаме или не можеме точно да се сетиме што значи.

Некои симболи се поочигледни од други, но, секако, важно е да знаеме што значат за во случај да треба да застанеме и да побараме помош.

Генерално, црвената боја значи предупредување за потенцијален проблем, грешка или безбедносен ризик. Треба да возиме внимателно и возилотоo да биде проверено на сервис.

Најчесто, тука спаѓаат проблемите со акумулаторот или полнењето струја, висока температура на моторот, ниско ниво на масло во моторот или предупредување за кочниците.

Симболите кои се однесуваат на проблеми со безбедноста, најчесто се со жолта или портокалова боја, но може да бидат и во друга боја. Тука спаѓаат проблемите со безбедносниот појас и воздушните перничиња, проблемите со согорувањето на моторот, катализаторот, контролата за стабилност, АБС сопирачките, безбедносните светла, филтерот за гориво, проблемите со управувачот…

Вообичаените симболи како ниско ниво на гориво во резервоарот, отворена врата, потсетник за сервис или други информации може да бидат во различна боја, во зависност од производителот и моделот.

Возилата на дизел-горива имаат неколку дополнителни симболи – како што се предупредување за проблеми со грејачите за полесен старт на моторот, предупредување за филтерот за издувни честички или вода во пумпата за гориво.

Внимавајте, иако повеќето производители користат исти или слични симболи, сепак, не сите симболи се универзални. Доколку не сте сигурни, најдобро е да проверите во прирачникот на возилото или да контактирате сервис.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Работилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство утре ќе се одржи во Куманово

Признание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он

Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина

„Макпетрол“: Ученици од 40 училишта се здобија со знаења за врсничкото насилство

Три медали за каратистите на „Макпетрол” на Балканското првенство во Љубљана