Четириесет години од упокојкувањето на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Доситеј

Од:

По повод 40 години од Блаженото упокоение на Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Доситеј, прв Архиепископ на возобновената Охридска Архиепископија во МПЦ), на празникот „Јавување на Чесниот Крст во Ерусалим“ во Црквата Св. Богородица Перивлепта утре ќе се служи света заупокоена литургија.

По заупокоената литургија што ќе започне од 9 часот, ќе се служи парастос на кој ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.

Поради настанатата состојба со корона вирусот Ковид-19, од Дебарско – кичевската епархија ги известуваат верниците дека доколку сакаат да дојдат и присуствуваат на богослужбата ќе мора да се придржуваат кон мерките на Владата за спречување и ширење на вирусот, што подразбира носење на заштитна опрема (маска, марама, шал и слично), како и држење на определеното растојание.

Би можело да ве интересира

Велигденско послание на г.г. Стефан: Со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со велигденска радост

Епископот велички г. Никола нов администратор на Австралиско-новозеландската епархија, г. Петар разрешен по негово барање

Доделено црковно признание во знак на благодарност на Протореј-Ставрофор Спасе Стефановски

Горан Наумовски

Митрололитот Георгиј устоличен на тронот на Дебарско-кичевската епархија

Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Горан Наумовски

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?