ВИДЕО: Започна уредувањето на коритото на река Отиња во Штип

Од:

Денеска, по месец и половина од раскинувањето на договорот со бугарската фирма „Кибилд“, која беше ангажирана за проектот „Уредување на коритото на река Отиња и изградба на пет платформи“, Општина Штип започна со уредувањето на речното корито.

Секторот за урбанизам при Општина Штип, заедно со ЈП„Штип-проект“ и „Стипион“, во текот на изминатиов месец изработи проект, кој, според градоначалникот Илчо Захариев ќе биде убав за штипјани, а, притоа, Општината нема многу да ја чини.

Речното корито беше целосно уништено од поплавите што го зафатија Штип кон крајот на месец февруари, поради што најнапред ќе мора да се изврши ископ на дел од речниот нанос со цел да се изедначат левата и десната страна на коритото.

Проектот ќе се изведува фазно,а со него е предвидено коритото да има три слоја: основен слој на самото речно корито, среден слој и горен, кој ќе се протега до ѕидовите.

Коритото ќе биде со широчина од четири метри, средниот слој – 14 метри, а крајните слоеви покрај ѕидовите со широчина од три метри.

За овој проект општината доби донација од 10.000м/3 камен од рудникот Бучим, кој ќе биде искористен за обложување на коритото. Машините со кои се врши ископот се на Армијата и за нивното користење Општината е должна само да обезбеди гориво.

Во текот на оваа недела ќе се работи на делот од речното корито што се протега помеѓу камениот мост и „Стопанска банка“ и е во должина од 150 метри.

„За завршување на проектот за уредување на коритото ќе бидат потребни околу 36 месеци, а притоа имајќи го предвид зимскиот период.Динамиката ќе зависи и од донаторите на средствата за изградбата на двете платформи“, изјави Драган Ристов од Центарот за односи со јавноста на Општина Штип.

Колку ќе чини целиот овој проект сè уште не е познато. Можеби конечниот износ за овој проект ќе треба да се бара меѓу страниците на годишните извештаи на јавните претпријатија што се задолжени за реализацијата на проектот.

Би можело да ве интересира

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип

Во Штип двајца директори на државни институции поднесоа оставки

А1он

Маж од Штип е осомничен за убиство на својата партнерка

Горан Наумовски

МВР: Маж со прострелна рана е пронајден во селото Пиперово