САД во следните шест недели ќе испратат 80 милиони вакцини низ светот

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден најави дека САД до крајот на јуни ќе донираат 80 милиони американски вакцини – претходно најавените 60 милиони дози вакцини на „Астра зенека“ и најмалку дополнителни 20 милиони дози на вакцини кои се одобрени за употреба во САД, соопшти Белата куќа.

Оваа најава на администрацијата на Бајден е следниот чекор во интензивирањето на напорите на САД да се справи со Ковид-19 низ целиот свет, се додава во соопштението.

Следните недели, САД ќе го искористат своето лидерство и заедно со партнерите од Г7, ЕУ, Ковакс и други ќе ги координираат мултилатерални напори со цел ставање крај на пандемијата.

„Конкретно, ние настојуваме да собереме конкретни обврски што можат да се исполнат од други влади и партнери од приватниот сектор за да овозможиме повеќе вакцини, да го поттикнеме производството на вакцини и суровини, да обезбедиме вакцини низ целиот свет и помош на здравствената заштита со цел спасување животи и запирање на ширењето на Ковид-19, сузбивање на пандемијата и закрепнување на економиите“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Од почетокот на годината, смртноста од Ковид-19 е намалена за 95 отсто

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски

Конгресот ги укина барањата за вакцинација против Ковид за странските патници

Папа Франциск: За време на пандемијата и војната во Украина, ОН ги покажаа своите ограничувања

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Русија разви вакцина против новите варијанти на коронавирусот

Катерина Ѓуровски