Според првични информации, поранешниот соработник на ЦИА, Едвард Сноуден не е во авионот кој попладнево по локално време полетал од Москва за Хавана, јавија руски медиуми цитирајќи извори од аеродромот Шереметиево.
Според извори во полицијата, Сноуден не е во авионот и неговото место го има друг патник.
Белата куќа денеска соопшти дека очекува руските власти да ги разгледаат сите можности за екстрадирање во САД на поранешниот консултант на Агенцијата за национална безбедност Едвард Сноуден, кој е обвинет за шпионажа.