Поранешен соработник на НСА: Обама беше прислушуван како сенатор

Од:

Некогашниот сенатор на американската сојузна држава Илиноис, претседателот на САД Барак Обама, беше прислушуван од Националната безбедносна агенција (НСА), пред девет години, изјави поранешен соработник на НСА, Рас Тајс.

Тајс, кој две децении работеше во разузнавачкиот сектор, а на американската јавност и стана познат откако во 2005 година преку „Њујорк тајмс“ откри детали за нелегалното прислушување преку НСА на администрацијата на поранешниот претседател Џорџ Буш помладиот.

Тој сега тврди дека службата во 2004 година, покрај другите го прислушувала и тогашниот сенатор Обама.

– Ги држев во раце тие хартии, прислушвани се сите – членови на Конгресот и на Сенатот, судии, адвокати, вработените во Стејт департментот, како и вработените во Белата куќа.

Неколку недели пред Тајс, слични податоци изнесе и поранешниот соработник на ЦИА и поранешен консултант на НСА, Едвард Сноуден, кој побегна од САД и бара азил во Еквадор.

Би можело да ве интересира

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

Шефот на ЦИА: Западот не треба да се плаши од руските закани за нуклеарна ескалација

Горан Наумовски

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

ЦИА: Украина има намера да задржи дел од освоената руска територија на некое време

ВИДЕО: Шефот на ЦИА се сретна со Кури во Приштина

ЦИА: Лидерот на Хамас Јахја Синвар е под притисок да прифати договор со Израел