Македонка добитник на наградата топ 25 имигранти во Канада

Од:

Александра Настеска, претставничка на Обединетата македонска дијаспора (ОМД)  за Монтреал и активист за зачувување на животната средина, е еден од добитниците на наградата топ 25 имигранти во Канада за 2013 година.

Наградата, чии добитници ги бираат граѓаните, ги слави непознатите успешни приказни на најистакнатите имигранти, а Настеска е првата Македонка која ја добила оваа престижна награда.

– Чест ми е и привилегирана сум да бидам еден од овие топ 25 канадски имигранти.  Навистина сум изненадена и мошне возбудена да ја споделам оваа вест со моето семејство и пријатели. Да се биде победник, рамо до рамо со извонредни луѓе кои оствариле огромен придонес за Канада, како на пример професорот и автор на книгата „Јас нема да мразам“, д-р Изелдин Абјулеш, номиниран за Нобелова награда, НБА кошаркарската ѕвезда Стив Неш и судијата Мајкл Тулок помеѓу другите, ви дава огромно чувство на успех, изјави Настеска.

Таа изрази надеж дека победата ќе придонесе кон зголемување на, како што рече, видливоста на Македонците во Канада и воедно ќе ја демонстрира нашата способност и посветеност кон понатамошно унапредување на Канада во земја која ги почитува и слави различностите.

На Настеска, која беше една од 600-те номинирани и 75-те финалисити, наградата и беше врачена во четвртокот на церемонија во Торонто, хостирана од страна на Нил Коксал, познат новинар и водител на канадски вести. На настанот беа присутни и претставници на ОМД од Канада, како и канадско-македонските медиуми.

Би можело да ве интересира

Мицкоски со дијаспората во Њујорк: Вие сте нашата жива и постојана врска со светот

A1on

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

Катерина Ѓуровски

Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

A1on

Успешните од дијаспората да напишат мотивациско писмо зошто сакаат брза лента на аеродромите – Османи повторно дели МКарта

A1on

Македонската дијаспора од ЕУ во 2021 година во Македонија испратила 325 милиони евра

Горан Наумовски