Земјотрес во Бугарија, нема повредени

Од:

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтер е забележан ноќеска во Бугарија, околу два часа по полноќ (по македонско време), проследен со 15 повторени полесни потреси.

Епицентарот е во градот Перник, околу 30 километри југозападно од Софија.

„Се се тресеше како лудо. Истрчав надвор велејќи си дека нема да се вратам дома“, изјави тинејџерката за бугарската информативна агенција.

http://www.youtube.com/watch?v=XtQ8UwpcRyc

Бугарските медиуми советуваат луѓето да останат на отворено иако освен нишањето на високите згради, пукнатините и срушените оџаци засега други оштетувања нема.

„Да се надеваме дека нема да има повторен удар. Знам дека луѓето се во паника и тоа е сосема нормално”, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов за „Блиц“.

Градоначалничката на Перник, Росица Јанакиева се обиде да ги увери граѓаните дека нема опасност локалната брана да пукне и да предизвика дополнителни проблеми.

„Ѕидот на браната „Студена“ е во добра состојба. Постојано се следи. Нема извештаи за евентуални жртви или повредени во Перник досега”, додаде таа.

Над 15 полесни потреси биле регистрирани по првиот удар покажа бугарскиот сеизмолошки институт.

Веста е ажурирана во 09:40 часот.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

Силен земјотрес го погоди островот Јава

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Земјотрес во Србија