Русија официјално ги заведе САД и Чешка како непријателски држави

Од:

Руската влада формално ги означи Чешка и САД како „непријателски земји“.

Според официјалниот портал за правни информации, двете земји биле на списокот на оние кои „извршиле непријателски дејствија против Русија“ и против нив ќе бидат преземени мерки – американската Амбасада во Москва повеќе нема да може да вработува лица од локално население, додека бројот на вработени локални работници во чешката Амбасада ќе биде ограничен на 19.

Рускиот претседател Владимир Путин минатиот месец потпиша закон со кој се ограничува бројот на локални жители кои може да работат во странски дипломатски мисии и други служби и и нареди на владата да состави список на „непријателски“ земји за кои ќе се применуваат мерките.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница