Патињо: Владата на Еквадор го анализира барањето за азил на Сноуден

Од:

Министерот за надворешни работи на Еквадор Рикардо Патињо изјави дека Владата внимателно го анализира барањето за азил на поранешниот соработник на ЦИА и поранешен консултант на Агенцијата за национална безбедност на САД Едвард Сноуден.

– Барањето го анализираме со чувство за одговорност. Станува збор за слобода на изразувањето и за безбедност на граѓаните во светот, истакна Патињо.

Портпаролката на Викиликс Кристин Храфонсон вчера потврди дека Сноуден побарал азил во Еквадор. Претходно, Викиликс на својот портал објави дека му помага на Сноуден да добие азил во демократска држава.

Во исто време, САД објавија дека пасошот на Сноуден е невалиден, Останува нејасно како во тој случај Сноуден успеал да полета од Хонг Конг со авион на „Аерофолт“ и да пристигне во Москва.

Еквадор даде политички азил на основачот на Викиликс Џулијан Асанж, кој се наоѓа во Амбасадата на Еквадор во Лондон.

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска