А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: Маја Илиевска-Пачемска
Македонија

Комисија ќе бара лекарска грешка по смртта на 33 – годишната пациентка чие семејство обвини дека при шиење на матката и било продупчено тенкото црево

by Маја Илиевска-Пачемска14/05/2021 - 12:1214/05/2021 - 16:232609
Share0

Дали има лекарска грешка за смртта на 33 – годишната пациентка на која и беше изваден миом од матката ќе утврдува комисија што ќе ја формира министерот за здравство Венко Филипче. Тој минатата недела најави дека ако има потреба, ќе се направи и стручен надзор на целиот случај, а денес извести дека ќе ја формира комисијата.

Следете a1on на Instagram Instagram

„За овој случај инициравме и стручен надзор. Во текот на денов или најдоцна во понеделник ќе се формира комисијата за и тој случај да се расчисти“, рече министерот Филипче.

Вонредниот увид на Државниот санитарен и здравствен инспекторат е се уште во тек. Се прави увид во сите здравствени установи во низ кои минала 33 – годишната пациентка.

Од Инспекторатот веќе известија дека ја бараат сета документација поврзана со случајот од Клиниката за Гинекологија, каде што била примена и оперирана, од Клиниката за дигестивна хирургија, каде што била препратена и повторно оперирана, од КАРИЛ, каде што била пренесена пред да почине како и од матичниот гинеколог и матичниот лекар.

Следете a1on на Youtube YouTube

Семејството на починатата обвини за лекарска грешка откако на Клиниката за дигестивна хирургија откриле дека тенкото црево, на четири места и било продупчено и сошиено откако и бил изваден миом од матката.

Институтот за судска медицина, по налог обвинител, направи обдукција, но детали нема да соопштуваат оти предметот е во предистражна постапка. Директорот Александар Станков за „А1он“ рече дека нарачале дополнителни хистопатолошки анализи и најави дека извештајот за обдукцијата ќе биде комплетиран до крајот на месецов.

filipceginekologijalekarska greska

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: ЕУ отвора врата за проширувањето, не смееме да ја пропуштиме оваа шанса

Горан Наумовски21/05/2026 - 15:56

(ВИДЕО) Филипче: Краците на Орбан и Вучиќ коишто водат до Мицкоски ќе се демонтираат

Горан Наумовски19/05/2026 - 14:15

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува со политиките на отстапки кон Бугарија

Горан Наумовски19/05/2026 - 09:06

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче најгласно се залага за спроведувањето на бугарските барања

Горан Наумовски13/05/2026 - 09:04

(ВИДЕО) Филипче од Босилово: Земјоделците трпат огромни загуби, откупните цени паднаа за 30%

Горан Наумовски12/05/2026 - 19:14

(ВИДЕО) Филипче: Пропагандата на ВМРО ја обвинува ЕУ за сопствениот дебакл со реформите

Горан Наумовски11/05/2026 - 14:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто