Слика на Пикасо продадена за 85 милиони евра

Од:

„Жената што седи покрај прозорецот“ на Пабло Пикасоко, која претставува портрет на неговата млада љубовница, од 1932 година, беше продадена на аукција во „Кристи“ за повеќе од 103 милиони долари (85 милиони евра).

Конечната цена на платното беше 90 милиони долари, но со оглед на сите дополнителни плаќања, идниот сопственик на сликата ќе треба да плати 103,41 милион долари. Пред наддавањето, стручњаците ја оценија сликата на шпанскиот уметник – на 55 милиони долари.

Последен пат „Жената што седи покрај прозорецот“ беше ставена на аукција во февруари 2013 година. Тогаш сликата беше продадена за 28,6 милиони фунти (над 33 милиони евра), на аукција на „Сотби“ во Лондон, на неименуван колекционер.

Среде бурниот брак со Олга Коклова, Пикасо се запознал и започнал врска со 17-годишната Мари-Тереза Валтер, која станала инспирација за некои од неговите најбарани скулптури, цртежи и платна.
Додека на многу слики од овој период е прикажана гола жена како лежи и одмора, овој портрет ја отсликува фигурата што е будна и присутна.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Фотографија на мајка и дете од Газа залепена на слика на Пикасо во Лондон

Изложбата „Пикасо: Споделен и поделен“ во Келн, Германија

Ана Ололовска

Нови осум дела на Пабло Пикасо ќе бидат изложени во Париз

Маж осуден на 18 месеци затвор за уништување слика на Пикасо

Ана Ололовска

Германска полиција во потрага по вазна од Пикасо

Кај поранeшен министер пронајдена слика од Пикасо

Емир Латифовиќ