Со потврда за вакцинација, со негативен ПЦР тест или со позитивен резултат за антитела од денеска може да се патува за Грција

Од:

Со потврда за имунзација со било која вакцина, со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или со потврда за антитела од денеска македонските граѓани може да патуваат за Грција. Поради пандемијата на коронавирусот границата за беше затворена повеќе од една година.

За деца постари од 5 години потребен е негативен тест, додека деца помали од 5 години тестот не е неопходен.

Покрај ова, за влез во Грција потребно е да се пополни и ПЛФ образец (The Passenger Locator Form). Образецот треба да биде пополнет најмалку 24 часа пред влезот во земјата. Формуларот е потребен за сите без разлика на видот на превозот (автомобил, автобус, брод, авион) и државјанство. За пополнување на формуларот потребни се пасошите и сообраќајната дозвола.

По пополнување на формуларот на мејл се добива т.н. кју-ер код (QR) што треба да се отпечати или да се покаже на мобилен телефон при влез во Грција.

Би можело да ве интересира

Од 17 часот шестчасовна блокада на граничниот премин Евзони

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

АМСМ: Од 17 часот затворен граничниот премин Евзони

А1он

Денеска и утре не се очекуваат блокади на граничниот премин Евзони кон нашата земја

Грците ги затвораат патиштата и граничните премини

Богородица-Евзони под блокада до вечер до 22 часот