ВИДЕО: Триесет и тројца се повредени во сообраќајката кај Штип

Од:

Триесет и тројца се повредени во сообраќајната несреќа што се случи вчера околу 16.30 минути на 20 километри од Штип, на раскрсницата кај Криволак. До несреќата дошло откако во автобус на „Струмица експрес“ кој превезувал припадници на АРМ удрило патничко моторно возило џип марка Ауди.

Триесет војници на АРМ по сударот се здобиле со повреди, од кои тројца се префрлени на скопската клиника а останатите со полесни повреди биле задржани во болницата во Струмица, кои поминале со помали повреди, гребаници или набиеници, а неколкумина имале скршеници на рацете или нозете.

Според припадник на АРМ кој се превезувал со автобусот, на клучката каде што патот се дели кон Радовиш и Неготино, од десната страна на патот, пред автобусот излегол џип и се удрил со автобусот, по што се превртел и така се влечел околу триесетина метри, а потоа удрил во карпите покрај коловозот.

Од сударот во џипот во кој се превезувале двајца мажи и едно дете, тешко повреден се еден возрасен патник и детето кое во бесознание со амбулантно возило кое случајно поминувало на патот е пренесено на скопската клиника. Тешко повредениот маж е префрлен исто во болница, а третиот патник бил во шок, но контактибилен.

Би можело да ве интересира

Возач изгубил контрола над автобусот во Бразил – десет мртви, меѓу кои и две деца

А1он

(ВИДЕО) Драма во Лондон: Комбе влета во пешаци, има мртви и повредени

Несреќа во Сараево: Дете падна од четврти кат

ВИДЕО: Се урна покривот на трговски центар во Перу, меѓу загинатите и дете

(ВИДЕО) Се урна зграда во Каиро, најмалку десет мртви

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Вучиќ по денешниот инцидент: Не сум повреден, надлежните ќе откријат што се случи со автомобилот