Норвешка целосно ја повлече од употреба вакцината на „АстраЗенека“

Од:

Норвешка официјално ја повлече од употреба вакцината на компанијата „АстраЗенека“ против Ковид-19, објави ДПА.

Премиерката на државата Ерна Солберг изјави дека одлуката е донесена врз основа на препораките на експертска комисија и на Норвешкиот институт за јавно здравје (FHI), кои советуваат да се изземат од норвешката програма за имунизација вакцините на Астра Зенека и на Џонсон и Џонсон поради ризик од многу ретки, но сериозни несакани ефекти.

Владата во моментов размислува да им ја понуди вакцината на „Џонсон и Џонсон“ на оние кои сакаат да бидат имунизирани со неа.

Норвешка прекина да ја користи вакцината на „АстраЗенека“ на 11 март како мерка на претпазливост, откако беше пријавено згрутчување на крвта по вакцинирањето, вклучително и смртни случаи. Дотогаш, околу 138.000 луѓе беа имунизирани со таа вакцина.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Норвешка: Автобусот излетал од патот и завршил во вода, има мртви

НАТО оди чекор напред – се зајакнува границата со Русија на Арктикот

А1он

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

Норвешка ги заостри ограничувањата за влез на руските граѓани