Седумгодишно девојче е тешко повредено попладнево во сообраќајна несреќа во Тетово, кога било удрено од автомобил на фреквентната улица „Јане Сандански“ што се случила попладнево околу 17 часот, откако во неа удрило возило.
Поради тешките повреди, по укажаната прва помош во тетовската клиничка болница, девојчето итно е пренесено на скопските клиники.
– Во СВР Тетово е пријавено сообраќајна несреќа на улицата „Јане Сандански“ во која патничко возило форд фокус со скопски регистарски таблици управувано од женско лице на 34 години од Тетово удрило во малолетно девојче-пешак. Повреденото девојче е однесено во тетовската болница за укажување на лекарска помош, информира Марјан Јосифоски, портпаролот на СВР Тетово.
На местото на несреќата, која се случила околу 17 часот, увид извршила екипа на тетовската полиција.