Пратениците кои гласаа против легализацијата на дивоградбите бараат од Пендаровски да не го потпише указот

Од:

Продолжувањето на рокот за легализација на дивоградбите, кое вчера беше изгласано во Собранието, е нешто за што не смее ниту да се помисли во една правна држава во која владеат демократски принципи, пишуваат петтемина пратеници кои гласаа против законот, во писмо до претседателот Стево Пендаровски.

Тие бараат од претседателот да не го потпишува указот за прогласување на овој закон.

Пратениците Маја Морачанин, Моника Зајкова, Боби Мојсовски, Павле Трајанов и Мирослав Богдановски, во писмото велат дека законот е практично закон за амнестија, затоа што бесправното градење е кривично дело.

„Дали ние, како држава, треба да стимулираме криминал преку дозволување на вакво незаконско градење и треба да ги ставиме во подредена и дискриминирачка положба сите одговорни граѓани, кои за да градат ги поминале сите предвидени постапки“, велат во писмото до Пендаровски пратениците од ДОМ, ЛДП и ДС.

Претседателот Пендаровски денеска изјави дека ќе го разгледа спорното законско решение пред да донесе одлука за тоа дали ќе го потпише указот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Во време кога нема автобуски превоз, Скопје се дави во ѓубре и се занимава со циркусот Данела, што сработи синот на Блерим Беџети за 12 илјади евра интелектуални услуги?

СДСМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ повлекоа сопствена точка, само за да ја спасат урбаната мафија

Јовановска: ДПМНЕ избега од расправа за дивоградбите – Левица поддржува расправа за дивоградбите во сите општини

Предраг Петровиќ

Пендаровски кој доби функција на поклон од Заев, се обидува да дели лекции за државност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Повредената српска пратеничка се уште е во животна опасност

А1он

Пратениците ги изгласаа измените и дополнувањето на Законот за работни односи