Д-р Кунгуловски: Најдобра вакцина е првата што ќе ни биде достапна

Од:

Единствен спас во пандемијата е создавањето на колективен имунитет, што можеме да го оствариме преку вакцинирање. Во моментов, ефикасноста на вакцините, гледана како нејзината способност да спречи смртен исход, е сигурно над 95 отсто. Ниту една вакцина не предизвикува болест, а најдобрата вакцина е онаа која прва ќе ни стане достапна, посочи д-р Горан Кунгуловски, специјалист за геномика и молекуларна епигеномика, на денешната онлајн конференција „Информирај се! твое право, твоја сигурност!“ организирана од Црвениот крст на град Скопје, со поддршка на Швајцарскиот Црвен крст.

Кунгуловски напомена дека без разлика за која вакцина станува збор, ниту една вакцина не предизвикува болест, туку само се намамува имунолошкиот систем да реагира и да мисли дека станува збор за вирус. Ефикасноста на вакцините, смета тој, треба да се гледа во тоа колку тие спречуваат смртен исход.

-Овој вирус предизвикува релативно висок процент на смртен исход и на хоспитализација. Ефикасноста на вакцините да ја разбереме како ефикасност кон смртен исход. Таа бројка во моментов е сигурно над 95 отсто, или околу 100 отсто, за некои вакцини. Затоа велам дека најдобрата вакцина е онаа вакцина која прва ќе ни стане достапна, рече Кунгуловски.

Во однос на тоа дали овие вакцини се ефикасни за новите соеви на вирусот, д-р Кунгуловски рече дека тие во моментов имаат благо намалена ефикасност, но како што појасни, доколку се заразиме со еден од новите соеви, многу е веројатно дека симптоматологијата ќе ни биде блага. Токму во тоа, вели Кунгуловски, е поентата на вакцините.

– Моментално и овие вакцини кои ги имаме, ја вршат својата работа, барем да ја надминеме првата етапа на пандемијата, па понатаму само ќе треба да влеземе во една фаза во која ги контролираме бројките и за неколку години да се обидеме целосно да ја сузбиеме оваа пандемија. Имаат некаков ефект и на новите соеви, на пример имаат повисок ефект на британскиот сој, понизок на бразилскиот сој, но имаат некаков ефект, и кога повторно би се заразиле и доколку сте вакцинирани, симптоматологија најверојатно ќе биде многу поблага, рече д-р Кунгуловски.

Позитивен аспект кај овие мутации, според Кунгуловски, е што кај многу соеви во многу географски локации во светот, се појавуваат истите мутации. Вирусот, како што рече, нема каде да оди и нема веќе толку голема способност да се приспособува.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски