До крајот на јуни Грција планира да бидат вакцинирани жителите на сите острови

Од:

„Сина слобода“ е насловена новата операција на грчката Влада за вакцинација на постојаните жители на островите што треба да заврши до крајот на јуни, како што денеска соопшти премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис на состанокот преку видеоконференција со градоначалниците на островите, јави дописничката на МИА од Атина.

Конкретниот процес ќе ги опфати сите полнолетни жители на 19 острови, а ќе бидат имунизирани со вакцината на Џонсон и Џонсон, која е само една доза.

– Првата голема пратка на вакцините од Џонсон и Џонсон на крајот од месецот ќе се упати кон вас, за да се изгради првиот масовен ѕид на имунитет. Бидејќи на 19-те најголеми наши острови живеат над 700.000 наши сограѓани, им рече Мицотакис на градоначалниците на островите.

Генералниот секретар од Министерството за здравство на Грција, Мариос Темистоклеус, кој исто така учествуваше на состанокот објасни дека целта е до крајот на јуни да бидат вакцинирани жителите на сите грчки острови, со исклучок на Крит, и истакна дека досега, вакцинацијата е завршена на 32 острова, а на други 36 ќе заврши до крајот на месецов.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната