ЛГБТ: Бараме законски измени за поостри казни на насилниците

Од:

МВР да преземе мерки за пронаоѓање и казнување на насилниците, јавното обвинителство да реагира за сторените кривични дела, додека владата да направи законски измени со кои поостро ќе се казнува говорот на омраза и делата кои потекнуваат од него.

ЛГБТ заедницата најостро ги осудува насилствата кои се случија во текот на вчерашниот ден, во кое беше претепан малолетник пред споменикот „Воинот на коњ“ и хулиганското однесување и демолирање на ЛГБТ центарот во Стара чаршија.

– Го повикуваме премиерот и претседателот на Република Македонија да го осудат ваквото насилство, поради тоа што и ЛГБТИ луѓето се граѓани на Република Македонија и истите треба да бидат почитувани и заштитени како и сите останати граѓани на оваа држава. Бараме од лидерите на политичките партии, и од лидерите на верските заедници јавно да го осудат насилството кон ЛГБТ лицата и активистите за човекови права и да се оградат од хулиганите и неонацистичките групи кои јавно повикуваа на насилство и дискриминација. Исто така, бараме од МВР најитно да ги открие и уапси сторителите на кривични дела кои претепаа лице во центарот на Скопје, и кои повторно го демолираа ЛГБТ центарот во „Стара Чаршија“, се вели во соопштението.

Од таму бараат конечно да се применат одлуките на Европскиот суд за човекови права, во кои е јасно наведено дека „сексуалната ориентација како фундаметална карактеристика на една личност, треба да се третира на ист начин како и категориите раса, етницитет и религија, кои најчесто се покриени со закони за санкционирање на говор на омраза и насилство од омраза“.

Со тоа, како што се вели во соопштението, ЛГБТ заедницата ќе добие заштита и поддршка од институциите кои треба да ги штитат правата на сите граѓани и превентивно ќе делува во иднина вакво насилство да не се повтори.

ЛГБТ заедницата им порачува на медиумите да престанат со ширењето на дезинформации (како што беа дезинформациите во врска со „Геј парадата“), како и да се воздржат од ширењето на негативни стереотипи и предрасуди за ЛГБТ лицата.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Условна казна за скопјанец кој нападна припадник на ЛГБТ заедницата

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Светска банка: Економското вклучување на ЛГБТИ луѓето ќе го зголеми БДП на Северна Македонија и Србија

ВИДЕО: Над 2.000 луѓе во Грузија нападнаа ЛГБТ поворка

Предраг Петровиќ

Епископот Јаков со одговор до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Предраг Петровиќ

Костадин Костадинов влезе во војна со ЛГБТ организациите: Струмица излепена со „пречкртано виножито“

A1on