Првите официјални фотографии и информации на обновениот модел na Opel Insignia се појавија на интернет.
Промените не се големи, но дефинитивно се забележуваат и на автомобилот му донесуваат помодерен и поатрактивен изглед.
Вреди да се напомене и изведбата 1,4 LPG со моќност од 140 КС и вртежен момент од 200 Nm, која ги исполнува Euro 6 стандардите, со потрошувачка на гориво од 7,6 л/100 км и емисија на CO2 од 124 г/км.
Цените на новата верзија не би требало драстично да се променат, а првата испорака ќе биде дистрибуирана во септември на германскиот пазар. Се разбира, клиентите и натаму ќе можат да избираат помеѓу седан, караванска и Sport Tourer верзиja.