Австралиски војник убиен при напад во Авганистан

Од:

Припадник на специјалните сили на австралиската армија е убиен вчера при напад во Авганистан, соопшти денеска началникот на Вооружените сили на Австралија, генерал Дејвид Харли.

Со најновата жртва бројот на загинати австралиски војници од почетокот на сојузничката воена операција во Авгаистан во 2001 година, се искчаи на 40.

Харли информира дека при нападот на бунтовниците се ранети уште еден војник и еден пилот.Австралискиот контингет во составот на Меѓунардоните сили за поддршка на безбедноста во Авганистан (ИСАФ) брои 1.500 војници, кои се стационирани во базата Тарин Кот во јужната авганистанска провниција Урузган.

До крајот на годината Австралија треба да ја повлече главнината на своите сили од Авганистан, по што базата Тарин Кот ќе биде затворена.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан