Diatto Ottovu Zagato беше претставен во женева 2007 година како концепт, а сега влегува во сериско произвоство. Замислен е како модерна интерпретација на тркачкиот Diatto Grand Prix од 20-те години на минатиот век.
Автомобилот има алуминиумска каросерија (направена рачно), а вкупната маса изнесува 1.650 килограми.
Не е познато кој агрегат ќе се вградува во серискиот модел, но прототипот имаше 5.0 литарски V8 мотор со моќност од 580 КЅ. Во меѓувреме, во плановите на Diatto се споменува и варијанта со 650 КЅ, како и предводник со V12 агрегат со моќност од 750 КЅ.