На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 107.978 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 10.845 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 11.857 граѓани информираат од Министерството за здравство.
Во државата вкупно се аплицирани 130.878 дози вакцини, а ревакцинирани се 22.900 граѓани. Со последните бројки околу 30% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.
Преку веб платформата vakcinacija.mk за вакцинација досега се пријавени 279.909 граѓани.