Петровска: ВМРО-ДПМНЕ да им се извини на граѓаните за тоа што го кочи Законот за Клинички центар

Од:

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не се откажуваат од блокада на Законот со кој државата ќе добие нов, модерен Клинички центар по цели 80 години.Наместо да застане зад граѓаните, зад јавното здравство, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски, продолжената рака на Груевски, со лаги, конструкции и преку парцијални документи, го саботира овој Закон и создава конфузија во јавноста. Сето тоа на штета на здравствениот систем и граѓаните рече на прес конференција пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска.

„На чиј плац ВМРО ДПМНЕ сака да биде изградена зградата која според нив треба да биде нов Клинички центар? Дали можеби тоа е на плацот кој е во сопственот на Самсоненко, бизнис партнерот на нивниот спонзор Орце Камчев? Или пак на уште помалиот плац кој е делумно државно, а делумно приватно земјиште и кој се користи како хелиодром. И конечно, ние нудиме изградба на нов Клинички центар на површина од 110.000, осмислен со брзи и ефикасни сообраќајни решенија, модерни болнички услови кои ги задоволуваат современите стандарди во медицината и потребите на граѓаните. А ВМРО ДПМНЕ зборува за реновирање на веќе постоечки простор кој одамна е претесен за потребите на нашиот здравствен сиситем“ – вели Петровска.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа