Египетска скултура на човек по име Неб-Сену, стара речиси 4.000 години, одденаш почнала самата да ротира во витрината во музеј во британскиот град Манчестер.
Кустоите и експертите засега не можат да утврдат што точно се случува со склуптурата која е изложена во музејот веќе 80 години.
– Еден ден забележав дека скултурата е свртена. Тоа ми беше чудно бидејќи е затворена во витирна, а јас единствено имам клуч од неа. Ја вратив во првобитната положба, но таа следниот ден беше повторно свртена, изјави кустосот Кембел Прајс за весникот „Манчестер Ивнинг Њуз“.
Прајс наведува дека за да се реши оваа мистерија, вработените во музејот решиле да постават камера за да ја надгледува склулптурата.
– Движењата не можат да се забележат со голо око, но забрзаната снимка покажува како се случува ротацијата, потенцира Прајс.