ВИДЕО: Во метежот за вакцини и ваучери од 25 евра, еден дедо си ја изгуби бабата

Од:

Во српскиот трговски центар Ушче денеска се собраа голем број на граѓани кои дојдоа на новоотворениот вакцинален пункт за да ги земат своите 25 евра кои следуват за првите 100 пријавени.

Вниманието на српската јавност го освои еден средовечен пар кој за кратко се раздели во метежот на ескалаторот.

Еден дедо кога забележа дека сопругата му остана на почеткот на скалите, заглавена во толпата, тој се врати по неа, пробивајќи се низ гужвата за да дојде до неа и да ја фати за рака.

Кога видеото се појави на социјалните мрежи, луѓето најпрвин мислеа дека се работи за тепачка, но потоа увидеа дека станува збор за нешто сосема друго.

Многумина со одушевување коментираа дека би сакале да имаат некој кој толку ќе ги сака и ќе внимава на нив како дедото од видеото.

Би можело да ве интересира

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари