Оланд во дводневна посета на Катар

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска почнува дводневна посета на Катар, насочена кон трговски прашања и конфликтот во Сирија, јави ДПА.

Франсоа Оланд е придружуван од неколку министри и бизнис лидери, кои ќе земат учествуво на француско-катарски економски форум.

Францускиот претседател ќе го посети и бизнис комплексот „Катар петролеум дистрикт“, кој се гради од француската компанија „Буиг“.

Франција, која се соочува со економска стагнација и раст на невработеноста, очекува да склучи повеќе договори со богатиот со нафта Катар, најмногу во областа на одбраната, транспортот и енергетиката.

Од Доха, Оланд ќе замине за Јордан, каде ќе се сретне со кралот Абдула Втори.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано