Германија: Уапсен десничарски екстремист поради закани кон политичари и новинари

Од:

Германската полиција уапси 53-годишен маж осомничен дека на политичари, адвокати и новинари им испратил десетици заканувачки пораки, потпишани со акроним на една екстремно десничарска терористичка група.

Обвинителството во Франкфурт, кое го води случајот, соопшти денеска дека мажот бил уапсен вчера во Берлин. Името на уапсениот не е објавено поради безбедносни причини, но се наведува дека тој бил и претходно осудуван поради различни насилни кривични дела, вклучувајќи и случаи мотивирани од крајно десничарска идеологија.

Осомничениот ги потпишувал пораките со кратенката „НСУ 2.0“, што е алузија на илегалната национал-социјалистичка терористичка група, која била активна во Германија во периодот меѓу 1998 и 2011 година и одговорна за повеќе расистички мотивирани злосторства, вклучувајќи и убиство на деветмина мигранти и една полицајка.

Полицијата претпоставува дека осомничениот од 2018 година испратил речиси 100 заканувачки пораки на различни лица и организации во Германија и Австрија.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија