Македонски државјанин утрово околу 7:30 со кујнски нож ја заклал својата 34 годишна сопруга на сред улица во Виена пред очите на нивното 2 годишно дете.
Aвстриските медиуми пишуваат дека 53-годишниот маж и пришол на жената од зад грб и со неколку убоди и го одзел животот.
Жената починала на лице место, а детето сведочело на целиот настан, но за среќа не е повредено.
Крвавата драма се случувала пред очите на повеќе минувачи кои на тоа место во дистриктот Симерлинг ги носеле децата во градинка.
Тие се обиделе да и помогнат на жената, но не можеле ништо да сторат. Полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот и го привела мажот.
Австриските медиуми пишуваат дека жената неодамна се исселила од заедничкиот дом во дистриктот Фаворитен и некое време живеела во прифатен центар за жени, жртви на семејно насилство.
Австриската полиција за локалните медиуми потврдила дека во повеќе случаи мажот бил пријавуван за семејно насилство.