ВИДЕО: Тежок инцидент во Турција, полицијата фрли солзавец во џамија и уапси верници

Од:

Во двомилионскиот град Газиантеп во југоисточниот дел на Турција се случи поголем инцидент, кога полицијата упадна во една џамија и се судри со собраните верници и членови на Фондацијата Фуркан, при што се уапсени неколку лица.

Турција во моментов е во целосен карантин, кој, меѓу другото, опфаќа и забрана за собирање во затворен простор, а членовите на организацијата Фуркан изразија незадоволство од ваквата одлука на власт на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и неговата Партија на правдата и развојот (АКП).

На снимката од инцидентот се гледа како луѓето собрани во џамијата се туркаат со полицајците додека ги приведуваат.

Водачите на организацијата Фуркан сметаат дека со забраната за собирање во џамии им се одземаат верските слободи.

Во знак на протест, членовите на организацијата се собраа на молитва во една од џамиите во Газиантеп, а лидерите на движењето истакнаа дека сите верници ќе го почитуваат растојанието и ќе носат маски во џамијата.

Сепак, многу брзо откако верниците се собраа, полициските сили влегоа во џамијата и им наредија на верниците да заминат. Откако тие одбиле да ја напуштат џамијата, дошло до судирот, а безбедносните сили употребиле и солзавец за да ја разбијат толпата.

– Ова не е Израел, ова е Турција. Оние кои им дозволуваат на луѓето да се собираат на стадионите, јавниот превоз и компаниите, и покрај епидемиолошките мерки, ги спречуваат верниците да се молат во џамии, велат од организацијата.

Фондацијата Фуркан е позната во Турција по бројни политички ексцеси, а по најновиот инцидент, нејзиниот официјален претставник, Алпарслан Кујтул, изјави дека ќе продолжат да инсистираат на собири во џамиите.

Најригорозниот карантин во Турција започна на 29 април и ќе трае вкупно три недели, до 17 мај.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски