Демократски Сојуз: Фонд за критички медиуми и истражувачко новинарство

Од:

Состојбата со слободата на медиумите во Македонија и покрај малото поместување напред на листата на Репортери без граници, се уште е незадоволителна. Здравствената и економска криза предизвикана од пандемијата дополнително ја влоши економската и финансиската положба на медиумите, па и покрај помошта од Владата за покривање на минималната плата на новинарите, медиумите се ранливи и повеќе подложни на политичко влијание и притисоци, а критичките новинари се и натаму жртви на политички дискредитации и закани со физички напади се вели во соопштението од Демократскиот сојуз по повод Светскиот ден на слободата на медиумите.

-Демократскиот сојуз ја поддржува Владата што побрзо да ги подготви законските измени според кои физички напад на новинар ќе се смета за напад врз службено лице, а досегашните случаи ќе бидат процесуирани и виновниците соодветно казнети.Демократскиот сојуз инсистира Владата да го прифати нашиот предлог за воведување посебен Фонд за финансиска поддршка на критичките медиуми и истражувачкото новинарство, како и за проекти за борба против лажните вести со средства од буџетот во износ од најмалку 2 милиони евра, при што парите ќе се дела транспарентно од страна на независно тело составено од професионалци, новинари, претставници на новинарските здруженија и синдикати се вели во соопштението од Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

ЕК: Северна Македонија треба да работи на целосно усогласување со европското законодавство за слобода на медиумите

А1он

Демократскиот сојуз: СДСМ и ДУИ ја вовлекоа Македонија во слеп колосек

Демократски сојуз: Законот за бранителите треба да го поддржат сите партии

Демократски сојуз: Левица ја копира Златна зора

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Брзо да се направат измените за промени во министерствата и да се формира влада

Демократски сојуз: Победата е голема, а одговорноста е огромна

Горан Наумовски