ВМРО-ДПМНЕ: Фонтаната на Златко Марин од 720 илјади евра не работи

Од:

Златко Марин е во трка за најнеспособен градоначалник којшто некогаш раководел со една општина. Мандатот му мина без ниту еден капитален проект, секојдневни скандали, скап ПР, додека се трошат премногу евра за наместени тендери за чешми, ПВЦ врати, кошеви велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

-Марин буквално фрли во вода 720 илјади евра за парк со фонтана во населба Острово. Паркот „Бојмија“ со фонтаната ги чинеше граѓаните на Аеродром над 720 илјади евра, а за тие пари добија поплавени плочки, исушена трева и игралиште во опасност од струен удар заради неквалитетна инсталација. И тоа Марин го платил 720 илјади евра. 720.000 евра за парк и фонтана која што не само што не се украс на општината туку претставуваат и опасност за граѓаните се вели во соопштението од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис