3 мај – Светски ден на слободата на медумите

Од:

Со одлука на Генералното собрание на ОН од 1993 година, 3 мај е прогласен за Светски ден на слободата на печатот, со цел да ги потсетува владите на потребата од почитување и посветеност на слободата на медумите, но исто така и да ги поттикне новинарите на размислување за прашања за слободата на печатот и професионалната етика.

Светскиот ден на слободата на печатот е и ден на поддршка на медиумите кои се изложени на обиди за нивно укинување или ограничување на нивната слободата на изразување, но и ден на сеќавање на новинарите кои ги загубија животите во текот на својата работа.

Според последниот извештај на Репортери без граници, Северна Македонија напредуваше за две места на Светската листа на слобода медиумите во 2020 година и со 31,67 поени се најде на 90-то место.

Репортери без граници за состојбата со слободата на медиумите во наведоа дека „високи владини претставници продолжија да им се закануваат и да ги навредуваат медиумите, а кибер-вознемирувањето и вербалните напади кон новинарите се зголемија на социјалните медиуми“. Сето ова послужи да се засили добро вкоренетата култура на неказнивост, оцени организацијата, збележувајќи и дека пандемијата, како на многу други места во светот, ја усложни работата на новинарите на терен.

– Медиумските организации силно се противеа на разните предложени амандмани за законот за аудиовизуелни медиуми кои би овозможиле државно рекламирање во медиумите. Тие се противат на ова врз основа на фактот што тоа ќе охрабри клиентелизам, стои во освртот на Репортери без граници за Северна Македонија, во кој се додава дека промените во Kривичниот законик кои ги подготвува Министерството за правда би требало да донесат поголема заштита за новинарите во државата.

Закани за насилство врз новинарите во земјава, се констатирани и во годишниот извештај на Стејт департментот за почитување на човековите права, во кој се посочува дека „културата на неказнивост е добро вкоренета и се уште е пречка за безбедноста на новинарите“, како и дека „бројот на физички напади врз новинари се намали, но сепак, постои растечка практика на компјутерско малтретирање и вербална злоупотреба“.

Стејт департментот посочи и дека иако медиумските известувања во земјава главно се поделени по политички линии, бројот на независни медиуми кои „активно изразуваат различни ставови без очигледни ограничувања продолжи да се зголемува“.

Во пресрет на денешниот 3 мај генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ и германската министерка за правда Кристина Ламбрехт вчера изразија загриженост поради нападите врз новинари и ограничувањата на слободата на печатот во многу делови на Европа, нагласувајќи дека слободата на медиумите е од клучна важност во кризни времиња.

Во заедничката изјава по повод Светскиот ден на слободата на печатот, тие потсетија дека правото на слобода на изразување е содржано во членот 10 од Европската конвенција за човекови права, на која се обврзаа сите 47 земји членки на Советот на Европа, вклучително и 27 членки на Европската Унија.

– Во демократија, новинарите играат витална улога во откривањето на вистината и повикувањето на властите на одговорност. Нивната работа е да обезбедат граѓаните навремено да добиваат точни и веродостојни информации, што е уште поважно во контекст на пандемијата на Ковид-19, наведуваат Пејчиновиќ Буриќ и Ламбрехт во заедничката изјава.

Тие потестуваат дека промовирањето на слободата на изразување низ целиот европски континент е клучна цел на Советот на Европа, со кој моментно претседава Германија, и истакнуваат дека паралелно со излегувањето од пандемијата сите влади мора заеднички да работат на зајакнување на слободата на изразување.

Светскиот ден на слободата на печатот е прогласен од страна на Генералното собрание на ОН во 1993 година по препораката усвоена на 26-та сесија на Генералната конференција на УНЕСКО во 1991 година, врз основа на Декларацијата од Виндхук што ја подготивија група африкански новинари со апел за плурализам и независност на медиумите.

Би можело да ве интересира

ЕК: Северна Македонија треба да работи на целосно усогласување со европското законодавство за слобода на медиумите

А1он

Ден на слободата на медумите – македонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

А1он

Гутереш по повод Светскиот ден на слободата на медиумите: Без слобода на печатот, нема демократски општества

Соопштени победниците на Наградите за слобода на печатот за 2021 година

А1он

Пендаровски: Без слободни медиуми нема објективни и проверени информации

Демократски Сојуз: Фонд за критички медиуми и истражувачко новинарство